Дрворедот од млади дрвца, кој се наоѓа на десниот тротоар од почетокот на улицата АСНОМ, кога одите од езерото кон бензинската пумпа Билјанини извори, од неодамна е оштетен. Имено на шест млади садници од дрворедот им се искршени стеблата и тие не можат да расцутат и да зазеленат .


Поради тоа што стеблата им се грубо оштетени, може да се претпостави дека или некој намерно ги искршил или пак настрадале од ветер. Доколку причината за оваа штета е природна непогода, секако дека може да се премине преку тоа, но доколку причината за уништените дрвца е човечки фактор, тоа е голема несовесност и најниска еколошка свест и совест, која заслужува осуда.

Е.Е.