Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар не вклучи ниту еден ракометар од охридскиот клуб во поширокиот список на репрезентативци за престојните квалификациски натпревари на Македонија за пласман на Мундијалот во Хрватска.
Ракометниот клуб Охрид ја троши четвртата сезона во Супер лигата, а во најновата котира на највисоката позиција на табелата.
– Ја користам оваа прилика да го запрашам селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар заедно со стручниот штаб зошто од лидерот на табелата во Супер лигата нема ниту еден ракометар барем на поширокиот список за квалификациските мечеви. Дали некој од Блажески, Трајкоски, Младеновски и Андоновски не заслужува да бидат дел од селекцијата. Прв пат во светот јас гледам во една репрезентација да нема ракометарот од лидерот на табелата до националниот шампионат. – изјави Горан Андоновски.
Охридскиот стратег после убедлиот триумф над Прилеп најави уште многу вакви мечеви во „Билјанини Извори“ сезонава. Од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро, момците се борат за секоја топка на теренот што се гледа со постигнатите резултати во досегашниот дел од првенството. Можам да ветам дека ќе продолжиме со напорна работа и уште многу вакви мечеви ќе имаат можност да гледаат нашите навивачи.
„Гладијаторите“ го преслушаа Прилеп
Бобан Блажески: Ваков меч и победа ни беа повеќе од потребни
OhridNews