Со големо задоволство и радост јас и моите другари го дочекавме денот на почеток на Светското првенство во ракомет на моите врсници. Отидовме и на свеченото отворање со истата радост.
И таму се случи нешто што не сонувавме дека може да се случи. Кога зборуваше претставникот на Агенцијата за спорт една група луѓе собрани околу Радмила Шекеринска од СДСМ почна да вика уа и да свири со свирчиња. Пазете , на отворање на светско првенство во Македонија. Што им е на тие луѓе. Од што се болни?
Има друго место каде се свирка. Срамота од луѓе кои сакаат да бидат нешто. Тие се очигледно НИШТО . На што спаднале. Ете заради нив нема да одиме на ракомет.
В.Л. навивач од Охрид