Доручекот е најважен оброк во денот, велат експертите и препорачуваат задолжително да се конзумира, бидејќи ќе осигура енергија за целиот ден, но единствено ако редовно ги изедете и останатите оброци, покажале истражувањата. Теоријата која се докажала во пракса е едноставна, луѓето кои јадат во редовни временски интервали во текот на денот, почнувајќи со доручекот, се во значително подобра ментална и физичка кондиција од оние кои ги прескокнуваат оброците и се хранат нередовно. Тајни всушност нема, бидејќи лицата кои ги јадат сите оброци во текот на целиот ден имаат доволно енергија, не патат од недостаток на хранливи материи, па последично имаат повеќе енергија, поефикасно работат и побрги мислат, а покрај тоа и не се подложни на нагли промени на расположението како оние кои се хранат нередовно.
Нередовната исхрана повлекува со себе глад, кој порано или подоцна во текот на денот ќе се овбидете да го згаснете набрзина, со нездрава храна преполна со шекер, сол и јагленхидрати. Поради таквиот начин на исхрана пати здравјето, а првите проблеми се забележуваат околу струкот, килограмите се таложат сами од себе, а за тоа сме виновни самите ние. Затоа, во што поголема мера, планирајте ги оброците и држете се до тој распоред, а за тоа се доволни само пет минути во дено, а користа за линијата и здравјето е непроценлива.