Со години, НАСА ја промовира нејзината мисија за патување на Марс, која на многумина би им дала можност на стапнат на жешката планета. Луѓето кои планираа да одат на Марс ќе бидат разочарани од фактот дека НАСА нема доволно пари за да го реализира овој план.

Од агенцијата изјавуваат дека не можат да ја реализираат оваа мисија околу 2030та година со сегашниот буџет.

„Не можеме да одредиме датум на слетување на луѓе на Марс, а причината за тоа е растот на буџетот од само 2% кој што не е доволен за обезбедување на потребната опрема за слетување на Марс.“ – велат од НАСА.

Се шпекулира дека поради повисоката цена за изградба на системот за лансирање и вселсенското летало „Орион“, агенцијата не започнала со дизајнирање на возила кои би биле спуштени на површината на планетата.

A.M.