Разликата во телесната градба и потрошувачката на енергија меѓу половите е причина поради која мажите и жените се разликуваат и во големината на носот, тврдат научниците. Фактот што мажите имаат поголема мускулна маса од жените зборува за тоа дека ним им е потребно и повеќе кислород за работа, тврдат научниците и заклучуваат дека мажите имаат поголеми носеви бидејќи тие им овозможуваат да внесат повеќе кислород.

Истражувањата покажале дека носевите на мажите и жените почнуваат да се разликуваат во пубертетот, односно во периодот кога на мажите им е потребно многу повеќе кислород за раст на мускулната маса отколку на жените. Научниците ја испитувале големината на носевите на луѓето со европско потекло од три до дваесеттина години и забележале значителни разлики во големината на носевите кај различни култури, меѓутоа разликата помеѓу половите важи за сите култури.