Во последните неколку недели папараците забележаа дека на фотографиите на Мадона која секогаш е со беспрекорен изглед, нешто не е во ред. Имено, на нејзиното лице почнаа да се појавуваат модринки.„Четриесетите можат да бидат прекрасни години и баш такви беа за мене. Но ме плашат педесетите“ рекла Мадона. А дека навистина ја плашат педесетите докажува со интензивирањето на вежбите со кои ја одржува фигурата.
„Параноично се плаши од последиците од сонцето на својата кожа, а опседната е со зрачењето за кое верува дека ја исушува кожата и таа забрзано старее“ изјавил еден нејзин пријател. За вежбање издвојува се повеќе време, а отишла и толку далеку што потрошила 6 милиони фунти за куќа до нејзината која ќе ја претвори во теретана.
Но својата (барем физичка) младост не се обидува да ја задржи само со здрава исхрана и вежбање, туку и со зачестени хирушки интервенции на кои се подвргнува од своите триесети. Меѓутоа доказите за нејзината опсесија за одржување на младоликиот изглед попримаат шокантни размери. Во Лондон е видена со модринки на образот и покрај левото уво, а минатиот месец во Њујорк пред зградата во која работи пластчниот хирург др. Фредерик Брант, снимена е со големи очила зад кои е видлива модринка на окото, типична последица на „козметички зафат“.
„Мадона е перфекционист, а кога гледа како телото и пропаѓа, тоа ја убива“ застанал во одбрана нејзиниот пријател потврдувајќи дека модринките се последица од пластичните операции.
ohridnews