По објавувањето на информацијата на нашиот интернет портал дека при реконструкцијата на куќата на Уранија ќе се вгради и лифт, со реакција се јавија повеќе граѓани.

Зошто секогаш кога ќе се реконтруира некој значаен културно-историски објект во Охрид се промашува работата?, прашува читател. Каков  ЛИФТ? Зошто да се  уништи внатрешниот, единствен  амбиент на Уранија, прашуваат дел од читателите. Според нив Уранија треба да се конзервира и заштити онака како што си е сега. Се друго според дел од читателите  се квази-модернистички промашувања. Тие сметат дека треба да се зачува единствениот внатрешен амбиент на Уранија – онаков каков што си е и да не се додаваат модерни детали.

Од Заводот и Музеј Охрид, кој е носител на проектот, велат дека модерните детали како лифтот и санитарните јазли кои ќе бидат вградени во внатрешноста, нема да ја нарушат автентичноста на куќата на Уранија. Според експертите од оваа научна установа модерните детали ќе ја подобрат функционалноста на објектот со кој во иднина ќе располага Македонската академија на науките и уметностите.

Ohridnews