Утринското кафе и првата цигара претставуваат ритуал за кој секој пушач ќе ви рече дека му дава енергија наутро, го поправа расположението и го прави спремен за новиот ден. Но, оваа комбинација на празен желудник е вистински удар за нашиот организам.

Првата утринска цигара е всушност најопасна и најнездрава од сите останати кои ќе ги испушиме во текот на денот, покажало едно истражување, бидејќи оние кои пушат веднаш по будењето имаат двојно поголемо ниво на канцерогениот спој NNAL од оние кои првата цигара ја одложуваат барем за еден час, а значително повеќе од оние што причекале половина час.

Инаку, 32% од пушачите ја палат првата цигара во првите пет минути откако ќе се разбудат, еден процент помалку ја палат помеѓу 6 и 30 минути после будењето, 18% чекаат помеѓу половина час и час, додека еден процент повеќе чекаат повеќе од еден час пред палењето на првата утринска цигара.

Кафето на празен желудник е исто така лошо за нашиот организам, бидејќи стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, што е особено тешко за луѓето склони на гастритис.

Дури и на здравите луѓе ваквата навика им штети, бидејќи хлороводородната киселина користи за разградување на храната, па лесно може да се случи во текот на денот да ја снема, што ќе предизвика проблеми со варењето на храната кај поголемите оброци, а особено тешко ќе се разградуваат протеините.

Неразградените протеини може да предизвикаат разни здравствени проблеми како надуеност, иритација или воспаление на цревата и карцином на цревата.

Истражувањето покажало дека најдобро време за првото кафе е околу еден час по будењето бидејќи нивото на кортизол по будењето е прилично високо и му треба околу еден час за да опадне. Кортизолот го контролира биолошкиот часовник и ја поттикнува будноста, затоа, првото кафе испијте го после еден час, кога веќе сте појадувале.

Значи, рецептот за здраво утринско кафе и првата цигара, ако веќе не можете без неа, е едноставен – после будењето испијте чаша вода, повежбајте, појадувајте, спремете се за работа, и дури тогаш, после еден час (што е обично веќе на работа) можете да се препуштите на својот утрински ритуал.

 

извор:metro-portal.hr