Со вториот пораз во А групата македонските надежи во голема мера ги ископликуваа работите. Поразот доаѓа во вистинско време да ги опомене црвено – жолтите дека името домаќин и фаворит не значи само по себе и победник.
Јуниорите започнаа онака како што и посакуваше двеилјадната публика во Билјанини и по десет мин игра имавме убедливо водство 6-3. Но тука застана нашиот брод. Влеговме во серија промашувања и тениски кажано неизнудени грешки(на крајот ги имавме 21) ,прифативме брзо темпо кое не можевме да го издржиме, а во сета таа бркотница низ теренот гостите од Португалија беа тие кои профитираа и преку Роке дојдоа до водство 9-8 .
Вујовиќ се обиде со тајм аут да ја смири ситуацијата но по тајм аутот нашите излегоа уште по збунети, се обидовме со пресинг но евидентна беше блокадата и истрошеноста на јуниорите кои промашуваа од секаде, од 9 метри од 6 метри па дури промашивме и два пенали, таквата конфузна игра знаеја да ја казнат Португалците кои до полувремето стигнаа до плус четири 15-11 .
немоќни и против Португалија
Со постојано менување на поставата на теренот Вујовик се обидуваше да ја освежи играта и да не врати во игра но топката едноставно не не сакаше . Благодарение на голманот Бенто кој натпреварот го заврши со 18 одбрани Португалците се одлепија и во 47 мин го имаа најголемото водство 27-19 .
Во последните 10 мин нашите се обидоа со пресинг игра да стигнат до бод и чесен пораз, предводени од Јанев направивме 3-0 серија а на 2 мин пред крајот стигнавме до 30- 28 но немавме сила за завршен удар.Португалците рутинирано ги одиграа последните минути решавајќи го натпреварот во нивна корист Португалија – Македонија 31 – 29 .
Вујовик : Математиката е на наша страна
Задоволен од постигната победа и тоа што неговата репрезентација остана во игра за место кое води во главната фаза беше португалскиот селектор Луис Монтеиро кој на пресот по натпреварот истакна:
– Знаевме што не чека и имавме посебни подготовки за овај натпревар.Моите играчи не подлегнаа на атмосферата и во целост го искориствме заморот на македонците. По натпреварот против Шведска кој Македонија го одигра во висок ритам јасно беше дека не ке може да ја повтори таа игра повторно.Ние работата ја утнавме на стартот со Кувајт па сега останува да се вадиме на натпреварот со Шведска.
Причината за поразот македонскиот селектор ја објасни со емотивната испразнетост кај нашите како и краткиот период да се наполнат батериите за еден ваков натпревар. За Вујовиќ најбитно е што останавме во игра за место во наредната фаза, бидејки математиката е на наша страна.Било каква победа против Кувајт не носи во наредната фаза. Многу ќе му биде жал за селекцијата на Португалија која “најверојатно“ нема да избори пласман понатаму но евентуалниот неспех на Македонија ќе го смета за огромен минус во својата кариера .
– Може слободно да напишете ,евентуалниот неуспех и не проаѓањето во наредната фаза ке го сметам за личен неуспех, рече Вујовиќ .
Одлучувачкиот натпревар за нашата репрезентација против Кувајт се игра во сабота во 21 часот во салата Билјанини Извори.
Бидете таму !!
М. Постоловски