Правилната употреба на заштитниот појас спасува живот. Игнорирањето на значењето на овој безбедносен сегмент, може да има фатални последици. Опасноста која може да настане со неносење појас во автомобилот не смее да се игнорира, советува специјализираниот салон за продажба на користени возила „Терен ауто плус“.

Но, колку што е важно да носите заштитен појас, исто толку важно е истиот правилно да го употребувате.

Никако горниот дел од појасот не го спуштајте под пазувите и не користете ништо за олабавување на појасот во текот на возењето (за да не ве стега). Тоа може да предизвика сериозни повреди, внатрешно крварење, повреди на вратот и главата со смртни последици.

Затоа правилно користете безбедносен појас, секогаш и без исклучок, било да се работи за долга или кратка релација. И не заборавајте, појасот спасува живот.

OhridNews
во соработка со „Терен ауто плус“