Верувале или не, не е сеедно каква музика слушате додека вежбате. Ако изберете погрешна музика, целиот труд би можел да “ви падне во вода“.
Никако да ви тргне вежбањето? Можеби тоа е поради тоа што слушате погрешна музика за време на вежбањето. Спортските психолози откриле дека само одредени видови музика одговараат на специфични облици на телесни вежби. Ако слушате музика која не одговара, веројатно лошо ќе ја извршите вежбата.
Експертите откриле дека рап музиката има најдобар ритам за вежби за истегнување и трчање. Поп музиката е идеална за вежби за загревање, но и за вежбите на крајот од тренингот. Рок музиката, како што велат експертите, треба да се избегнува, бидејќи има чести промени во темпото, а тоа влијае врз ритамот на вежбање. Интересното истражување го спровел др. Костас Караѓоргис од универзитетот Брунел. Воочено е дека на вежбањето влијае и текстот на песните, но не во толкава мера како и самата музика. Ако текстот е поттикнувачки и позитивен, вежбањето оди подобро.
“Прикладната музичка листа може да ви помогне полесно да го пребродите заморот кој се јавува за време на вежбањето, но и забрзаниот пулс и недостатокот на воздух. Со други зборови, кога вашето тело ќе почне да откажува поради заморот, силата на правилно избрана музика ќе ве врати во состојба да може да продолжите да вежбате“, појаснува Др. Караѓоргис.
извор:www.tportal.hr