Вежбањето е една од основите на здравиот и долг живот, а главната цел треба да биде вежбањето да стане дневна рутина во која ќе уживате, а не оптеретување за кое едвај чекате да заврши. За тоа полесно да го прифатите на таков начин, еве неколку факти за влијанието на вежбањето врз здравјето.

Редовната физичка активност го зајакнува срцевиот мускул, го намалува лошиот холестерол и го зголемува добриот, а бидејќи го намалува крвниот притисок, е многу корисна превенција на болести на срцето. Воедно го намалува ризикот од мозочен удар и тоа за 20%.

Вежбањето помага во превенција и контрола на дијабетес тип 2, а кога се комбинира со здрава исхрана го намалува вишокот килограми, ги гради мускулите кои тогаш трошат повеќе калории во мирување и на тој начин овозможува одржување на идеална телесна тежина.

Со вежбање со оптеретување се зајакнуваат коските што помага во спречување на остеопороза, особено ако покрај тоа внимаваме во храната да има доволно намирници богати со витамин Д и калциум.

Ако имате проблеми со болки во грбот – вежбајте, бидејќи ќе ги зајакнете мускулите кои се потребни за добро држење и болките ќе престанат.

На крај, физичката активност позитивно влијае врз расположението, бидејќи со вежбањето се ослободува ендорфин кој го поправа, се ослободувате од стресот и на тој начин можете ефикасно да се ослободите од анксиозноста и депресијата.

извор:metro-portal.hr