Две години им беа потребни на Претседателот на кошаркарската федереција, Даниел Димевски и екс селекторот Марин Докузовски да ги соопштат причините за „раскинувањето“ на љубовта по историскиот успех на репрезентацијата на Евробаскетот во Литаванија.

Две години народот, кој на плоштадот во Скопје им направи величествен пречек беше манипулиран и никогаш не му беше кажана вистината каде „пукна тиквата“ по Европското првенство во Литванија. Новинарите погодуваа, а двете засегнати страни немаа доблест да излезат и да кажат што им лежи на „душа“.

Неуспехот на Македонската репрезентација на континеталниот собир во Словенија беше одлично поле за препукувања меѓу двете страни, кој и што ветил, што направил, а не рекол.

Што и да било сега е предоцна бидејќи кошарката во Македонија доживеа тежок удар по бледиот настап во Словенија. Не во квалитет, туку момците кои пред две години пленеа со сплотеноста и ја кренаа целата нација на нозе се вклопија во она двегодишно сиволо кои за жал им го сервираа други.

Тука некаде треба да се стави точка на ова и да се сврти нова страница во кошарката така ќе биде најдобро за двете страни бидејќи не се живее од спомени и ветувањa туку од победи и медали.

mihail@ohridnews.com