Колку и да се промовираат диетите од свежо направени сокови, има нутриционисти кои тврдат дека се работи за начин на слабеење кој е опасен за здравјето.

Диетите кои се базираат на природни сокови се популарни, особено на пролет и лето, а се препорачуваат за детоксикација на организмот после зимската хибернација. Но, експертите тврдат дека таквите диети се всушност прилично опасни и лесно доведуваат до пореметувања во исхраната.

Американските психотерапевти смислиле и назив за тоа – “сокорексија“, а тврдат дека проблемот е во тоа што луѓето ги консумираат како замена за оброк, што не смее да е случај.

Свежо направените сокови од овошје и зеленчук се одличен меѓуоброк, но ако се користат како цел оброк, всушност од исхраната се исфрлаат цели групи намирници што дефинитивно не е здраво.

Можеби најголем проблем во се е фактот што луѓето кои имаат “сокорексија“ не се кријат, уште повеќе, се фалат со својот “здрав начин на живот“.

Една од фондациите кои се занимаваат со борбата против пореметувања во исхраната тврди дека диетите кои се темелат на свежо исцедени сокови предизвикуваат пореметувања во исхраната, а со тоа и го отежнуваат опоравувањето после болест.

 

извор:metro-portal.hr