Понекогаш се чини дека децата „го фаворизираат“ едниот родител… Но, тоа не е затоа што детето повеќе ја сака мама или тато.
Имено, децата, особено ако се помали од пет години, се потпираат на своето семејство за задоволување на своите потреби. „Претпочитањето“ на едниот родител пред другиот не е од лична природа, туку се заснова исклучиво на основните нагони за преживување, смета психологот Сара Алперин.
Претпочитањето на едниот родител нема апсолутно никаква врска со недостатокот на љубов на детето кон другиот родител. Ова е чисто начин за неговата способност да го препознае патот на најмал отпор кон задоволување на неговите основни потреби. Многу родители се загрижени затоа што мислат дека нивното дете „не ги сака“ или има лутина кон нив, па затоа се обрнува кон другиот родител, но тоа не е вистина, објаснува психологот.
Така, штом детето ќе препознае дека едниот родител е „подостапен“ од другиот, велат стручњаците, тоа се труди да го задржи тоа затоа што неговата потреба за грижа и цврста, стабилна врска е клучна. Детето на тој начин сака да го зачува тоа што се покажало поконзистентно од „двата избора“.
Ако како родител, детето понекогаш Ве оттурнува, Ве советувам да не го обвинувате, туку дајте му до знаење дека сте му на располагање доколку му требате. Важно е детето да знае дека го почитувате неговиот избор и дека го сакате, без разлика на сѐ, вели Алперин.
Така, штом децата ќе ја препознаат најсигурната, најсилната врска со едниот родител, ќе се потпрат на неа бидејќи тоа е наједноставното решение за нив. Но, психологот нагласува дека фаворизирањето често се менува, зависно од тоа што му е важно на детето во одреден миг и што го интересира тогаш.
OhridNews