Од слобода ќе се бранат и останатите четворица осомничени во случајот со изградбата на бизнис центарот Глобал во Струмица. Како гаранција дека нема да ја напуштат земјата на сите осомничени им се одземени патните исправи.
Приведувањето на Заев ја подигна политичката тензија во земјата. Пратеничката група на СДСМ во знак на протест ја напушти работата на Собранието, а неколку стотини симпатизери на партијата заедно со роднините на приведените протестираа пред Основниот суд во Скопје.