На Изборно Собрание на Општинската организација на ДОМ во Охрид, што се одржа синоќа во х. „Ривиера“,  со едногласна одлука на членовите на Општинскиот Одбор за претседател на Општинската организација на ДОМ во Охрид беше избран Зоран Стрезовски – магистер на науки од областа на туризмот, регионален менаџер на Скопски Саем, еден од организаторите на Првиот Меѓународен Саем за туризам во Охрид и поранешен директор на Охридско лето. За Потпретседатели се избрани Емилија Колевска, Рада Арнаудова и Зоран Паскали. За Секретар беше избран Драги Танески а за организационен секретар Летка Филипова. На Собранието беа формирани  нов Општински одбор, Надзорен Одбор, Извршен Одбор и претседателство.


Зоран Стрезовски-нов претседател на ДОМ Охрид

 
Новото раковоство на ДОМ во Охрид, најавува дека ќе се отвори кон граѓаните и ќе иницира решавање на нивните секојдневни проблеми.

Ohridnews