Битолските кошаркари со пораз ја отворија новата сезона во Првата лига, откако изгубија од Охрид АВ во „Билјанини Извори“ со 73-61.
– Многу лошо го отворивме мечот, а токму тоа беше тема на разговор во соблекувалната после завршувањето натпреварот. Охрид одлично ја искористи нашата згрченост и поведе со 13 поени разлика. После консолидарањето, ние константо бевме во егал, но не успеавме да ја анулираме негатива комплетно. За се освен за почетокот од мечот морам да ги пофалам кошаркарите, бидејќи десет играчи се со домашно односно битолско потекло. Во продолжението од сезоната ќе одиме на фактор изненадување на гостински терен, а бодови ќе бркаме на домашно тло. – изјави Зоран Петкоски.
Во следната втора рунда „зелено белите“ гостуваат во Скопје, а силите ќе ги одмерат со Вардар.
(ВИДЕО) Прва победа на КК АВ Охрид во Првата лига, Пелистер падна во „Билјанини извори“
OhridNews