Зоран Милески – Кически се уште не се пријавил во КПУ Затвор „Скопје“, на издржување казна затвор од три години за случајот „Рекет“, информираа од казнено поправната установа.

Според упатиот акт од Основниот кривичен суд во Скопје, Зоран Милески требал сам да се пријави на издржување на казната до вчера, на 12 октомври 2020 година.

Милески е осуден на три години затвор, откако во декември минатата година, го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Во меѓувреме Основниот кривичен суд во Скопје информира дека Зоран Милески побарал одложување на издржувањето на затворската казна и затоа не се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

OhridNews