Црногорскиот ракометен стручњак Зоран Кастратовиќ поднесол оставка од позицијата тренер во Металург. Кастратовиќ како што изјави заминал од финансиски причини односно за доцнење на личниот доход.
Клубот од Автокоманда ја потврди оставката на Кастратовиќ и најави дека десната рака на Црногорецот, Оливер Димитриоски ќе биде нов тренер на екипата.
На Кастратовиќ лично му се заблагодарив за досега сработеното,од мое име и од име на клубот. Знаев за неговото размислување да си оди веќе некое време, но оставив да ја донесе одлуката сам. Покрај финансиите, како Претседател бев информирана и за други причини поради кои преовлада одлуката за заминување, ги почитувам, како и одлуката за заминување, иако лично мислам дека се може да се реши со многуодлучност. – изјави претседателот на Металург, Зорица Блажевски за „24ракомет“.
OhridNews