Ракометниот клуб Пролет ротираше на тренерската позиција. Улогата шеф на стручниот штаб ја презеде Зоран Кастратовиќ, кој го наследи Никола Матлиески. Пролет и Матлиески се разделија после четиригодишна соработка, а Кастратовиќ се врати во мак-ракометот по кратка пауза. Кастратовиќ сезонава ја почна во Металург, но замина после бурен период во Автокоманда.

Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Тинекс Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до она што сите го посакуваме – Тинекс Пролет да излезе во ракометна Европа. Благодарност до управата на клубот и верувам дека ќе ја оправдам нивната доберба и ќе им помогнам во остварувањето на зацртаната цел, – изјави Кастратовиќ.

Пролет е третопласиран на табелата во плејофот од Супер лигата, а до крајот на сезонава остануваат шест рунди, во кои ќе води жестока битка за пласман во топ 4.

OhridNews