Маестро Зоран Џорлев ќе биде нов претседател на Управниот одбор на фестивалот Охридско лето. Со тоа конечно оваа функција ќе биде одделена од селекторите на фестивалот од чии редови досега се назначуваше претседателот на УО, изјави за Ohridnews, директорот на Охридско лето, Тони Симоноски.

Со тоа, додава Симоноски, оваа исклучително одговорна функција ќе се подигне на уште повисоко, професионално ниво. Симоноски не информираше дека покрај Џорлев, нов член на УО ќе биде и Игор Стојчевски, додека на селекторските функции и натаму остануваат Зоран Јолески и Гордана Јосифова-Неделковска.

Деновиве УО ќе заседава за да ја дефинира програмата за овогодинешното Охридско лето кое како што е познато на 12 јули на Античкиот театар ќе го отвори оскаровецот Енио Мориконе.

Ohridnews