Кинеската зоолошка градина Вензоу во покраината Зежианг, била критикувана од властите бидејќи посетителите смееле да ги галат тигрите и да се качуваат врз нив како да се коњи. Тигрите секојдневно имаат настап кој трае 20 минути, по кој гостите можат да се фотографираат со нив.
Три чувари на тигрите ја надгледуваат ситуацијата при посетата гостите, а за една фотографија се наплаќа по три долари. Една посетителка која се фотографирала со нив изјавила дека тоа е потполно безбедно. Активиститеза заштита на животните се побуниле и рекле дека на тој начин се кршат правата на животните и сигурноста на луѓето.