Зголемената зона на топлотните бранови во текот на летото е директно поврзана со глобалното затоплување. Ако пред половина век „топлотните бранови“ зафаќаа само 1 отсто од површината на Земјата, сега тие се зголемени на 10 проценти. Вака ги коментира најновите резултати од следењето на климатските промени, Џејмс Хансен од Институтот за вселенски студии Годард (GISS ) на американската агенција за вселенски истражувања NASA, во статијата којашто ќе биде наскоро објавена во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences, пренесува „Макфакс“.

Метеоролозите и климатолозите претходно беа многу претпазливи кога зборуваа за можната поврзаност меѓу климатските промени и појавата на екстремно високите температури. На пример, британските и холандските научници во една студија објавена во магазинот Geophysical Research Letters во февруари 2012 година, пишуваа дека енормно топлото време, особено во европска Русија во текот на летото на 2010 година, е поврзана со природни причини, иако климатските промени за трипати ја зголемиле таа веројатност.

Групата научници што ја предводел Хансен при истражувањето ги користела како основни податоците за летните температури во периодот од 1951 до 1980 година, и ги споредувала со сегашните вредности. Резултатите покажале дека има значително проширување во опсегот на аномалиите во насока на топлината.

„Летата, коешто според мерењата на климатолозите во периодот од 1951 до 1980 година спаѓале во категоријата ладни, во тој период биле регистрирани за околу една третина од случаите. Сега студените лета се регистрирани само во 10 отсто од случаите, додека учеството на топлата летна сезона се зголемила од 33 до 75 проценти“, се истакнува во студијата на научниците.

Сепак, најважните промени се состојат во појавата на нова категорија аномалии – екстремно топли периоди, ткн „топлотни бранови”, кога просечната температура е многу повисока отколку вообичаено, односно климатската норма.

„Овие екстремни периоди практично не постоеле во основниот период на проучувањето, покривајќи во целиот период вкупно само неколку десетина проценти од земјината површина, но последниве години топлотните бранови се забележани постојано на 10 отсто од земјината површина“, се вели натаму во статијата.

Метеоролозите, како што пишуваат истражувачите, се склони да го отфрлат глобалното затоплување како причина за екстремната топлина. Така, руското топло лето во 2010 година, тие го објаснуваат со блокирачкиот антициклон, а горештините во Тексас во 2011 година – со ефектите од феноменот Ла-Ниња кој се формираше во Пацификот.

„Сепак, блокирањето на антициклоните и Ла Ниња ги имаше секогаш, а во тоа време како огромни области на екстремно високи температури се појавија истовремено со глобалното затоплување. Сегашните екстремни аномалии се резултат на сложените одредени временски ситуации и глобалното затоплување“, велат научниците.

Во студијата се нагласува дека потоплите временски прилики може да доведат не само до појава на суша, туку и до појава на пообилни дождови и зголемување на опасноста од поплави. Покрај тоа, топлите зими, особено, може да доведат до губење на шумите, поради продолжувањето на периодот на размножување на штетниците.

Хансен и неговите колеги тврдат дека што е можно поскоро треба да се преземат чекори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, за да се ограничи порастот на просечната температура на земјината атмосфера.

OhridNews
извор:„Макфалкс“