Лидерот во Супер лигата, Зомимак во осмата рунда им го нанесе првиот првиот пораз на охридските ракометари на домашен терен сезонава победувајќи ги со 25-16 (12-2).

Охридските ракометари со преголем респект влегоа во натпреварот против Зомимак, а тоа резултираше со серија грешки во нападот. Гостинските играчи со погодок ја казнуваа секоја грешка и стигнаа до водство 6-0.

Првиот погодок избраниците на тренерот Горан Андоновски го постигнаа во 16-та минута, а до крајот на полувремето реализираа уште еден со што ја покажаа тоталната немоќ во нападот.

Во вториот дел гостинскиот тренер почна со ротација на ракометарите што им овозможи на „гладијаторите“ да влезат во една мини гол серија и да намалат на 14-7.

Тогаш гостинскиот состав уште една уфрли брзина погоре возвратија во иста мера, а до крајот на натпреварот ја одржуваше предноста која на крајот изнесуваше +9 (25-16).

Охрид : Костески 15 одбрани, Китевски, Пецаков, Анѓелкоски, Томовски 4, Андоновски 1, Б. Белески 2, Мирков, Николоски, Трифуноски 1, Поп-Стефанија 2, Соколов 1, Крстески, В. Белески 5.

Зомимак : Колев 16 одбрани, Стојаноски 1 одбрана, Атанасов, Кукоски 1, Младеновски 2, Павловски 5, Стојанов 1, Тренчевски 3, Милосавлевиќ 3, Шалевски , Ангеловски 5, Чантурија 1, Стојановиќ 5, Караиванов, Везенкоски, Јант Луиз.

Фото : Емилио

Мх.П.