Охридските ракометари го претрпеа првиот пораз сезонава во Супер лигата откако во Струмица беа совладани од Зомимак 28-19 (14-9).

„Сините“ до финишот од првиот дел беа рамноправен противник кога на семафорот стоеше (8-8), тогаш домаќините со серија од 5-1 направија предност (14-9) со која и се замина на одмор.

Во вторите триесет минути „рисовите“ со уште поубедлива игра успеаја да ја дуплираат предноста и на крајот да изнесува +9 (28-19).

Во четвртата рунда охридските „гладијатори“ во „Билјанини Извори“ го пречекуваат составот на Радовиш.

Мх.П.