Меѓународниот ракометен турнир во Струга ќе добие нов владетел откако актуелниот првак Металург го откажа учеството. Испразното место му беше понудено на Зомимак и веднаш го прифати.


Македонскиот вицепрвак во Супер лигата ќе биде единствена екипа на 43-то издание на турнирот, а за титулата ќе се борат со Бешикташ (Турција), Динамо Букурешт (Романија), Сесон (Франција) и Бенфика (Португалија).

Турнирот ќе се одржи од 12 до 15 август, а до тогаш организаторите треба да најдат уште една екипа по откажувањето на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Ohridnews