Екипата на Металург со победа над Зомимак 25-20 во македонскиот ракометен шампионат ги залечи раните од поразот од германскиот бундеслигаш Кил во Лигата на Шампионите.

Ракометарите на Зомимак во првиот дел и речиси половина од вториот им беа рамноправни противници на „металурзите“ кои ја забележаа четвртата победа во Супер лигата.

Десното крило Гоце Георгиески и рускиот репрезентативец Павел Атман беа најефикасни со по пет погодоци додека Станиќ имаше 14 успешни интервенции.

Мх.П.