Водечкиот во Супер лигата, Зомимак во своите редови ќе ги „прибере“ ракометарите на Металург кои не успеаја да најдат ангажман надвор од Македонија.


За сега официјализиран е договорот со пивотменот Никола Маркоски, а на пат се уште Велко Маркоски и Гоце Георгиевски пренесува „Екипа.мк“.

Велко Маркоски и Георгиевски во Струмица ќе останат до крајот на сезоната, а потоа ќе бидат ослободени од клубските обврски.

Со овие засилувања екипата на Зомимак со сигурност ќе атакува на втората позиција на табелата, која можеби ќе носи пласман во Лигата на Шампиони.

Ohridnews