Противникот на охридските ракометари во осмата рунда од Супер лигата, Зомимак го знае рецептот за победа во „Билјанини Извори“.

Пред две сезони во Првата машка ракометна лига составите на Охрид и Зомимак се бореа за втората позиција која водеше во баражот.

Тогаш „зелените“ предводени од сегашниот играч на Охрид, Борче Соколов славеа со убедливи 33-22 и го срушија сонот на ракометарите и ги скршија срцата на навивачите.

Во охридскиот состав повеќето ракометарите од тој меч останаа во тимот додека екипата на Струмица која располага со милионски буџет имаа далеку поквалитетни имиња него тогаш.

Дуелот меѓу „Давид и Голијат“ е закажан за в среда со почеток во 19 часот. За охриѓани ова е последен натпревар од првата полусезона на домашен терен.

Мх.П.