Екипата на Вест Хем е последната екипа која пројави интерес за македонскиот напаѓач Горан Пандев. Како што пренесуваат италијанските медиуми, италијанецот на клупата на Вест Хем, Џан Франко Ѕола го бара Пандев, да ги засили редовите на чеканите.


Пандев во повеќе наврати јавно истакна дека сака да го напушти Рим и да ги прекрати непријатностите со првиот човек на лацијалите.Во меѓувреме Лоренцо Де Силвестри го напушти Лацио и премина во редовите на Фиорентина.

ohridnews