Златен медал со олимписки рекорд 6:08.84 минути освои Швеѓанецот Нилс Ван Дер Пул претпладнево на трката на 5 000 метри во брзо лизгање. Тој во последниот круг надополни една секунда за само 400 метри и му го „украде“ златото на Патрик Руст.
Холанѓанецот кој долго време водеше и беше пред освојување на првото место, на крајот мораше да се задоволи со сребрен медал со заостанување за 47 стотинки зад победникот
Третото место и бронзен медал освои Халгеир Енгебратен со заостанување 1.04 секунди зад победникот.
OhridNews