Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото на Олимписките игри во Пекинг во дисциплината спуст. Фојц на својата земја и го донесе првото злато на Олимписките игри во Пекинг.

Второто место му припадна на Французинот ката Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер. Трката во спуст требаше да се одржи вчера, но беше одложена поради лошите временски услови.

Во дисциплината велеслалом златниот медал го освои швеѓанката Сара Хектор. Хектор до триумфот дојде со вкупен резултат 1:55.69 минута по двете возења.

Сребрениот медал и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне која двете трки ги заврши со време 1:55.97 минута. Мал подвиг направи Лара Гут-Бехрами која од осмата позиција по првото возење, стигна до третото место и бронзениот медал по втората трка заостанувајќи 72 стоти делови од секундата зад победничката. По денешниот велеслалом Шведска изби на чело во поредокот на медалисти со три освоени златни медали

Златниот медал во слоупстајл го освои канадскиот сноубордер Макс Парот кој оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56).

Второто место го зазеде Кинезот Јиминг Су со вкупен скор 88,70 (78,38 + 88,70 + 66,58). Најдобрата тројка ја комплетира уште еден репрезентативец на Канада, Марк МекМорис со резултат 88,53 (76,98 + 80,85 + 88,53). За Канада ова беше прво злато на Олимпијадата во Пекинг.

OhridNews