Швајцарецот Рајан Режес во својот прв настап во кариерата на Зимските олимписки игри го освои денеска златниот медал во Пекинг во слободно скијање, во дисциплината ски крос.

Среброто му припадна на неговиот сонародник Алекс Фива, кој својот прв олимписки медал го освои на 36-годишна возраст.

Место на победничкиот пиедестал имаше и за бронзениот руски натпреварувач Сергеј Ридзик, кој на последните Игри во Пјонгчанг, исто така, го освои бронзеното одличје во ски крос трката.

OhridNews