Штафетите на Канада и на Норвешка беа најбрзи во денешните натпревари во брзо лизгање екипно пурсуит.

Канаѓанките во финалето беа побрзи од Јапонките поставувајќи нов олимписки рекорд – 2:53.44 минути, 11,03 секунди подобри од ривалките.

Во дуелот за бронзата, Холандија беше поуспешна од Русија. Во машкото финале, Норвешка со време 3:38.08 минути беше поуспешна од Русија (3:40.46).

Третото место и бронзениот медал им припадна на репрезентативците на САД кои беа побрзи од Република Кореја.

OhridNews