Кинеската натпреварувачка во слободно скијање Еилин Гу го освои вториот златен медал и вкупно трет на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.
Гу победи со 95.25 поени во дисциплината халфпајп и го повтори успехот во „биг ер“, а освои и сребро во слопстајл.
Второпласирана во дисциплината халфпајп заврши Канаѓанката и олимписка победничка од Пјонгчанг, Кеси Шарп (90.75 поени)., додека бронзата ја освои нејзината сонародничка Рејчел Каркер (87.75).
OhridNews