Германката Натали Гајзенбергер го освои денеска на Игрите во Пекинг трето олимписко злато во низа во санкање со поединечна конкуренција.
Гајзенбергер победи со време 3:53 минути и го повтори успехот од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 и четири години претходно во Сочи.
Сребрениот медал во Пекинг го освои нејзината сонародничка Ана Берејтер со заостанување од 0.493 зад победничката, додека со бронзата се закити Татјана Иванова од Русија со 1.053 секундазад Гајзенбергер.
OhridNews