Репрезентација на САД дојде до првиот златен медал на Олимпијадата во Пекинг, благодарение на Линдзи Џејкобелис. Таа претпладнево победи во големото финале на женскиот сноуборд крос.

Второто место и сребрениот медал го освои Хло Трапеш од Франција. Бронзениот медал отиде кај Мериета Одајн од Канада.

Соединетите Американски Држави се 18-та земја учесник на ЗОИ 2022 која успеала да освои најсјајно одличје. Досега најуспешни се Норвешка и Шведска со по четири златни медали.

Олимпијадата се одржува од 4 до 20 февруари.

OhridNews