Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија дека на првиот официјален ден од натпреварувањето откриле 45 случаи на инфекции со новиот сој на коронавирусот.

Организаторите прецизираа дека меѓу новите случаи има 25 спортисти или членови на официјалните олимписки делегации.

Вкупниот број позитивни тестови од 23 јануари изнесува 353.

Сите олимпијци, членови на делегациите, како и новинарите во Пекинг мораат секојдневно да се тестираат на коронавирус.

Поради близок контакт со лице заразено со коронавирусот македонските олимпијци Ана Цветановска и Ставре Јада останаа во изолација и ја пропуштија вчерашната церемонија на официјалното отворање на ЗОИ.

OhridNews