Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4×7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг. За Норвешка ова е 10. златен медал на Олимписките игри во Пекинг за лидерско место во поредокот на земји медалисти.

Во составот на норвешкиот национален тим беа: Холм Легрејд, Тарјеј Бо, Јоханес Бо и Ветл Кристијансен. Вкупното време на Норвежаните е 1:19:50.2 час.

Второто место го зазеде францускиот тим кој на крајот заостана 27,4 секунди.

Третото место и бронзениот медал отидоа кај Русите кои беа во водство пред последната измена, но на крајот заостана 45,3 секунди.

Игрите во Пекинг ќе траат до 20 февруари.

 

 

OhridNews