Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски имаше незабележителен настап на класичната трка на 15 километри завршувајќи на 81-та позиција од 87 натпреварувачи во нордиско скијање.
За Дамјановски, кој делницата од 15 километри ја мина за 48:34,8 минути со заостанување од 10 минути пред првопласираниот нордиец е втор настап на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Дамјановски до крајот на Олимпијадата ќе настапи на уште една нордиска трка, а тоа е на 50 километарската која ќе биде на последниот такмичарски ден во Сочи.
Мх.П.