Репрезентацијата на Словенија во состав Ника Крижнар, Тими Зајц, Урша Богатај и Петер Превц е победник на денешните скокови на 90-метарската скокалница во тимска конкуренција мешано на Олимписките игри во Пекинг.

Словенечките ски-скокачи/чки уште од првата серија го преземаа врвот и доминираа во текот на целиот натпревар.
На крајот Словенија победи со 1 001,5 поени, пред Русија која собра 890,3 и Канада со 844,6 поени.

За Словенија ова е втор златен медал на Олимпијадата во Пекинг, воедно втор за Богатај која победи и во индивидуална конкуренција.

 

OhridNews