Линдзи Вон ќе скија во финалната слалом трката која треба да се одржи утре и покрај тоа што вчера во велеслаломот падна и си го скрши малиот прст на десната раката.


Моето тело е во ред, но малку сум разочарана и исфрустрирана од себе си“ изјави Вон по трката. Линзи Вон во вчерашната трка изгуби баланс, се преврте и удри во заштитната мрежа.

Вон ќе се натпреварува во слаломот, сто проценти сум сигурен. Таа имала многу пострашни повреди од оваа“ потврди тимскиот доктор Џим Молер.

Во меѓувреме одржувањето на женскиот слалом е доведен во прашање поради густата магла која се појави и која ја намали видливоста на патеката, но организаторите се надеваат дека ќе се подобри временската состојба.

Ohridnews

Copyright
2010 makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се
печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.