Македонскиот олимпиец, Антонио Ристевски имаше историски настап и пласман на слаломската трка на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Тој се заврши на 29-та позиција, која преставува највисок пласман на еден македонски натпреварувач на Олимписки игри кои се одржуваат во зимскиот период.
Ристевски делницата на слаломската трка ја мина за 1:58:44 со задоцнување од 16,60 секунди до првопласираниот Марио Мат од Австрија.
Сребрениот медал од трката во слалом му припадна на Марсел Хиршер додека со бронзен медал се закити Хенрик Кристофферсен од Норвешка.
Мх.П.