Германците Тобијас Вендл и Тобијас Арлт триумфираа денеска на Игрите во Пекинг и го освоија третото олимписко злато во низа во санкање во двојки.

Вендл и Арлт дојдоа до златниот медал со време 1:56, 544 минути и го повторија успехот од Зимските олимписки игри во Сочи 2014 и Пјонгчанг 2018, на кои двајцата Германци се закитија и со златните недели во мешани двојки.

Германската доминација на денешната трка ја потврдија нивните сонародници Тони Егерт и Саша Бенекен, кои го освоија сребрениот медал со 0.099 секунди заостанување, додека бронзата им припадна на Австријците Томас Штрој и Лоренц Колер (+0.511 секунди).

 

OhridNews