Русинот Александар Бољшунов утрово ја забележа најубедливата победа во историјата на зимските Олимпијади – дисциплина скијатолн на 30 километри. Бољшунов патеката ја мина за 1:16:09.8 часа.
Втор на целта мина сонародникот на победникот, Денис Спицов со заостанување од една минута и 11 секунди.
Третото место и бронзениот медал му припадна на финскиот крос-кантри тркач Јиво Нисканен со две минути поспоро време зад победникот.
За Бољшунов ова е прво злато во кариерата, воедно и прво за Русија на Олимпијадата во Пекинг.
OhridNews