Еден од трите македонски учесници на Зимските Олимписки игри во Сочи, Дарко Дамјановски заврши на 78-та позиција во клалификациите во нордиско трчање.


Дамјановски не успеа да обезбеди пласман во натпреварувањето за медал бидејќи не заврши во 30-те олимпијци кои ќе атакуват на златното одличје.

Делницата долга 1.800 метри македонскиот олимпиец ја мина за 4:08,56 минути, а првопласаран трката ја заврши Ола Виген Хатештад.

Мх.П.