За време на утринското гостување во радиската емисија „Sway In The Morning“, Зое Салдана поприлично се опуштила и открила некои од своите добро чувани тајни. Освен што признала дека имала секс во автомобил и авион, открила и дека малку се занела и во воз.

Но се чини дека во оваа сексуална авантура не се впуштила со својот сегашен сопруг Марк Перџ. Таа рекла дека сето тоа е минато, а претходно била свршена со бизнсменот Кеит Бритон и била во врска со Бредли Купер.