Зое Кравиц, ќерката на славните родители, снимила секси едиторијал за „GQ“. Згодната 26-годишна актерка, музичарка и модел, позирала покажувајќи го своето тело прекривајќи го со минимални парчиња облека, а откако радикално ослабе за улогата во филмот “The Road Within”, се чини дека повторно се враќа во форма. Во разговор за списанието раскажала и како и било да расте како дете на Лени Кравиц и Лиса Бонет и зошто не дозволила тоа да ја тргне од патот на кој си зацртала да створи сопствено име.
За балансирањето на музичката и актерската кариера вели дека бара многу труд, но вели дека тоа не го прави поради пари. Зое глуми и во новиот „Лудиот Макс“, а за својата кариера вели дека во минатото морало да се биде тројна закана за да се успее во Холивуд. Вели дека мора да знаеш да пееш, да глумиш и да танцуваш, едноставно да бидеш забавувач.